Блог

Ај-ти вести

  • Грешките во видеоигри се тема на Инди Пиво #3

    Сите гејминг ентузијасти и кретори на независни видеоигри се поканети на третиот Инди Пиво. Средбата, закажана повторно во мезе барот Убац во Скопје на 26-ти јуни од 18:00 часот, се поклопува со Glitch Jam настан кој сака да покаже дека грешките, или гличовите, се еден од клучните делови при креирање на игри. Некои грешки станаа култни, како негативното ниво во Super Mario, а други и дел од истражување за епидемии. Влијането на гличовите во игрите ќе се дискутира и на Инди Пиво #3. Првиот собир на креатори на независни игри беше инициран од Дајана Димовска од данското гејминг студио KnapNok Games, а сега е организиран од Кристијан Трајковски и Мартин Пупков од македонското студио Dark-1.

  • Vip оператор стартува селфи натпревар

    Vip оператор ќе избира најдобра селфи фотографија. Селфито е светски феномен на мобилната технологија, кој никој не го очекуваше, но кога ќе погледнеме ретроспективно е прилично очигледен тренд кај егоистичните тинејџери бидејќи сите телефони имаат предна камера со висок квалитет. Според Vip, селфито може да ја „поттикне креативност, да ја потенцира индивидуалноста, слободниот дух и убавината“. Правилата на натпреварот се едноставни, фотографијата со најмногу лајкови ќе добие награда во првите три рунди, а во последната четврда рунда ќе одлучува стручно жири.

  • Војна на SSD-дисковите

    Доколку планирате да купите Solid State Disk, а сепак не ви се брза, тогаш можеби најдобро е да причекате, вели Tom’s Hardware. Kingston Technology, SanDisk, Samsung Electronics, Micron Technology и Intel се подготвуваат за „ценовна војна“. Ова на радост на потрошувачите ќе се намали цената на SSD-дисковите.

    Micron веќе ја намали продажбата на NAND флеш чиповите на конкуреницијата поддржувајќи го својот SSD, со цел двојно да го зголеми производството и доставата на своите дискови. Kingston своето производство го зголеми на 600.000 уреди месечно, натпреварувајќи се со SanDisk и Samsung, кои исто така го зголемуваат своето производство. Intel пак неодамна излезе со 9-серија на чипсети кои поддржуваат M.2 SSD. Ова ќе допринесе за останатите производители да излезат со оваа технологија во втората половина на 2014 година.

    Сепак не сите се согласни со тоа дека ваквиот порастот на производството ќе донесе и намалени цени. Дел од експертите сметаат дека недостатокот на NAND чипови всушност ќе ја зголеми цената која во моментов е околу 50 центи за гигабајт, вели Тom’s Hardware.

Игри вести

  • Fortnite мод за CS: GO !?!

    Ако се прашувате како популарната FPS Counter-Strike: Global Offensive ќе изгледа ако се додадат градежните механики вклучени во Фортните, тогаш снимките од неодамна креираниот мод може да го имаат одговорот.

    Создаден од корисник со ник Kinsi55, модот овозможува Counter-Strike: GO играчите да имаат способност да градат рампи и платформи како што се прават во Fortnite. Видео клипот кој ја прикажува содржината на модот покажува дека играчите можат да ги користат таквите способности за да најдат или да креираат стратешки позиции, кои можат да помогнат за победа.

     

    Модот во моментов не е достапен за јавноста, Kinsi55 наведува дека нема планови во иднина да го направи јавно достапен. Како причина за ваквата одлука, Kinsi55 наведува дека повеќето од официјалните мапи на CS: GO се премногу мали за да овозможат додавање на таква опции, без на некој начин да го попречуваат играњето.

    Ова не е првиот мод корисник Kinsi55 создаден за CS: GO. Тој е исто така одговорен за популарниот Go 4 The Kill мод.

    Иако модот никогаш нема да биде пуштен во јавност, секогаш е возбудливо да се видат вакви додатоци создадени од гејмерската заедница.

  • Murdered: Soul Suspect

    Murdered: Soul Suspect за Компјутер

    Играта почнува со главниот лик е Ронан О’Конор детектив koj e убиен на улиците на Салем од страна на мистериозен напаѓач. Тој се буди како дух заглавен помеѓу два света.  Ронан О’Конор неможе да го напушти оваа чистилиште наречено Самрак, додека неговиот убиец не е доведен пред правдата.

    Ронан мора да  го спроведе своето истражување на необичен начин. Тој ќе зборува со други духови, ќе може да влијае на мислите и однесувањето на живите жители, а поседува и некои борбени вештини.

  • Enemy Front

    Enemy Front

    Вие сте Роберт Хокинс, Американец заглавен длабоко во нацистичка територија за време на Втората светска војна. До вас е дали ќе се борите лице в лице против своите непријатели со снајпер од далеку или тајно ќе ги саботирате нивните позиции. Приклучете се во борба против злото на Третиот рајх во мисии ширум распарчена Европа.


     

    Играта за компјутер е на 2 двд-ја а ја имаме и за xbox 360 на dvd9

    Kаков компјутер ви треба за  игратa проверете тука: Enemy Front System Requirements

banner-2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *