CS Go Fortnite

Fortnite мод за CS: GO !?!

Ако се прашувате како популарната FPS Counter-Strike: Global Offensive ќе изгледа ако се додадат градежните механики вклучени во Фортните, тогаш снимките од неодамна креираниот мод може да го имаат одговорот.

Создаден од корисник со ник Kinsi55, модот овозможува Counter-Strike: GO играчите да имаат способност да градат рампи и платформи како што се прават во Fortnite. Видео клипот кој ја прикажува содржината на модот покажува дека играчите можат да ги користат таквите способности за да најдат или да креираат стратешки позиции, кои можат да помогнат за победа.

 

Модот во моментов не е достапен за јавноста, Kinsi55 наведува дека нема планови во иднина да го направи јавно достапен. Како причина за ваквата одлука, Kinsi55 наведува дека повеќето од официјалните мапи на CS: GO се премногу мали за да овозможат додавање на таква опции, без на некој начин да го попречуваат играњето.

Ова не е првиот мод корисник Kinsi55 создаден за CS: GO. Тој е исто така одговорен за популарниот Go 4 The Kill мод.

Иако модот никогаш нема да биде пуштен во јавност, секогаш е возбудливо да се видат вакви додатоци создадени од гејмерската заедница.

Share this Post!

About the Author : admin-tj

0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.