indipivo

Грешките во видеоигри се тема на Инди Пиво #3

Сите гејминг ентузијасти и кретори на независни видеоигри се поканети на третиот Инди Пиво. Средбата, закажана повторно во мезе барот Убац во Скопје на 26-ти јуни од 18:00 часот, се поклопува со Glitch Jam настан кој сака да покаже дека грешките, или гличовите, се еден од клучните делови при креирање на игри. Некои грешки станаа култни, како негативното ниво во Super Mario, а други и дел од истражување за епидемии. Влијането на гличовите во игрите ќе се дискутира и на Инди Пиво #3. Првиот собир на креатори на независни игри беше инициран од Дајана Димовска од данското гејминг студио KnapNok Games, а сега е организиран од Кристијан Трајковски и Мартин Пупков од македонското студио Dark-1.

Share this Post!

About the Author : admin-tj

0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.