Војна на SSD-дисковите

Доколку планирате да купите Solid State Disk, а сепак не ви се брза, тогаш можеби најдобро е да причекате, вели Tom’s Hardware. Kingston Technology, SanDisk, Samsung Electronics, Micron Technology и Intel се подготвуваат за „ценовна војна“. Ова на радост на потрошувачите ќе се намали цената на SSD-дисковите.

Micron веќе ја намали продажбата на NAND флеш чиповите на конкуреницијата поддржувајќи го својот SSD, со цел двојно да го зголеми производството и доставата на своите дискови. Kingston своето производство го зголеми на 600.000 уреди месечно, натпреварувајќи се со SanDisk и Samsung, кои исто така го зголемуваат своето производство. Intel пак неодамна излезе со 9-серија на чипсети кои поддржуваат M.2 SSD. Ова ќе допринесе за останатите производители да излезат со оваа технологија во втората половина на 2014 година.

Сепак не сите се согласни со тоа дека ваквиот порастот на производството ќе донесе и намалени цени. Дел од експертите сметаат дека недостатокот на NAND чипови всушност ќе ја зголеми цената која во моментов е околу 50 центи за гигабајт, вели Тom’s Hardware.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *